ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Осуммината независни пратеници ќе гласаат воздржано

Осуммината пратеници од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата ќе гласаат воздржано за три амандмани на денешната седницата за усвојување на нацрт текстот на амандамните на Уставот. Велат дека нивната поддршка била врзана со процесот за помирување што им го ветил премиерот Заев. Сакаат и да се даде шанса да се подобри текстот на амандманите и побараа поддршка од ВМРО ДПМНЕ за нивниот амандман.

Во моментов, тече расправата во Собранието за Текстот на нацрт-амандманите. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на почетокот побара точката да се повлече од дневниот ред бидејќи предлогот, според координаторот на пратеничката група Никола Мицевски е противуставен, а референдумот беше неуспешен. Предлогот на опозициската партија со 61 глас против не беше прифатен од страна на владејачкото мнозинство.

Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас. Сепак, очекувањата според, претседателот на Собранието се дека седницата ќе заврши многу побргу.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.