ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Остри мерки против демонстрантите: Французин добил затворска казна затоа што ги промовирал „Жолтите елеци“ на Фејсбук

28-годишен Французин добил 6 месеци затворска казна затоа што на социјалната мрежа Фејсбук ги промовирал „Жолтите елеци“, пренесуваат француските медиуми.

Хеди Мартин, 28-годишен Французин доби шест месеци затворска казна затоа што преку социјалната мрежа Фејсбук се обидел да организира протест на таканаречените „Жолти елеци“, промовирајќи ја идејата да ја блокираат локалната рафинерија во градот Порт Ла Новел на југот на Франција.

Како што откриваат француските медиуми, тој бил приведен на 3-ти јануари. Од обвинителството велат дека Мартин дал отказ (работел во фабрика за чоколадо) за да се посвети на своето „секојдневно демонстрирање“.

Многумина сметаат дека шест месеци затвор е престрога казна за протестирање, но од обвинителството побарале дури уште поголема затворска казна – 2 години зад решетки и 3 години забрана за протестирање.

Сепак „поблагата“ казна на крајот му била доделена поради фактот дека Мартин не учествувал во ниту еден насилен чин, туку само учествувал во „насилното движење“.

Неговото затворање доаѓа во моментот кога францускиот претседател Емануел Макрон најави жестоки казни против демонстрантите со цел да биде задушено ова анти-владино движење кое што изби кон средината на ноември минатата година.

„Жолтите елеци“ излегоа масовно на улиците во Париз и другите поголеми градови во Франција поради владината одлука за поскапување на горивата. Сепак, поради големите протести Макрон ја повлече таквата одлука и дури одлучи да ја зголеми минималната плата во Франција. Но, тоа очигледно не им е доволно на „Жолтите елеци“ кои што и утре ќе излезат на протести.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.