ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Остри критики за пресудата за Навални и задушувањето на протестите

На Запад нема разбирање за бруталниот однос кон демонстрантите и особено за бесмисленото осудување на Алексеј Навални на заторска казна. Дали во Русија важи само уште законот на посилниот?

„Пресудата против Алексеј Навални е далеку од секое право. Навални мора веднаш да биде пуштен на слобода“, ја пренесе изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел гласноговорникот на владата, Стефен Зајберг.

Реакцијата на цела низа други западни политичари поради демонстрацијата на полициска сила против демонстрантите во Русија и за осудата за Навални на затворска казна од околу две години и 8 месеци, се практично идентични и се разликуваат само по жестината на изразот.Со посебен интерес се очекуваше и реакцијата на новата влада во Вашингтон, особено бидејќи во руските кругови токму „странските сили“ и Америка се обвинуваат за поддршка на демонстрантите.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.