ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ОСМАНИ: УБЕДЕН СУМ ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ВО ВРСКА СО ИСТОРИСКИТЕ ПРАШАЊА СО НАШИОТ ИСТОЧЕН СОСЕД

Тврдењето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека Бугарија бара од Македонија договор сличен на преспанскиот за министерот за надворешни работи се шпекуалции кои не се добри за преговарачкиот процес.

Дел од познавачите на македонско – бугарските односи денеска за Студио 10 на ТВ 24 кажаа дека нов договор со Бугарија не е може, а бугарските партии го користат македонското прашање за политички поени наспроти парламентарните избори кај соседот.

А од Софија продолжува истата реторика, на денешната средба со албанскиот колега Гент Цакај, бугарската шефица на дипломатијата кажала дека е против раздвојување на Албанија и Северна Македонија во преговорите со унијата но додала дека Бугарија е подготвена да му помогне на бугарското малцинство во Албанија.

Во бугарскиот парламент денеска пак се одражува јавна расправа за преименување на Кирил и Методиј од словенски во бугарски просветители. Министерот Османи порача дека ова прашање е веќе решено во комисијата и доколку бугарскиот парламент го прифати предлогот тоа би значело минирање на целиот процес меѓу Скопје и Софија, но додаде дека се надева дека до тоа нема да дојде.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.