ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Османи: Убеден сум дека од понеделник влегуваме во нова динамика со Бугарија

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, е убеден дека по утрешните парламентарни избори во Бугарија, од понеделник ќе се влезе во нова динамика на комуникацијата помеѓу двете држави.

Не само што сум оптимист, рече министерот, туку и целата инвестицијата ја правиме со цел да постигнеме успех на јунскиот или јулскиот самит на ЕУ бидејќи тоа е оптималниот период и прозорец на можност за надминување на разликите и почнување на преговорите.

Османи вели дека оптимизмот го базира на два фактори. Прво, тоа што ќе завршат изборите бидејќи овој процес влијаел на односите меѓу двете земји, но и тоа што има нов пристап во разговорите зашто првичниот не бил соодветен.

„Како политичар кој учествувал на неколку изборни процеси знам дека изборните процеси обично ги ’киднапираат‘ нормалните политички текови и секогаш емоциите се издигнуваат на такво ниво што рационалноста исчезнува. Мислам и дека во нашата ситуација изборите имаа делумно влијание и во ’киднапирањето‘ на нормалната политичка дебата. А, можеби и тоа што го кажувам постојано, дека првата фаза од разговорите можеби и не бе беше најсоодветниот пристап бидејќи сметаме дека најсоодветниот пристап е прво да разговарате за прашањата кои ве зближуваат и за кои имате помалку разлики за да создадете амбиент на доверба и во таков еден амбиент да ги соочите разликите кои ги имате“,

Новиот пристап со кој се создава доверба, вели шефот на дипломатијата, е преку секторската соработка, Акцискиот план и предвидливост во работата на комисиите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.