Османи: Политичките прашања со Бугарија би можеле да се затворат со нов документ
Политичките прашања со Бугарија би можеле да се затворат со нов документ кој би бил дел од протоколите на договорот за добрососедство – порача шефот на дипломатијата Османи на брифинг со новинарите.
На таков начин според него, би се затвориле сите политички прашања со официјална Софија, а документот би имал и меѓународна гаранција за негово спроведување. Прашан пак за евентуално вметнување на билатералните прашања со Бугарија во преговарачката рамка Османи посочи дека тоа би било можно само доколку биде одобрено од сите земји –членки на Унијата, а во моментов дел од нив се противат на таков чекор во процесот на преговори. Сепак, како што кажа тој, тоа зависи и од Македонија.
Се што се разговара со Бугарија е во духот на европските вредности и резолуцијата за црвените линии од македонското собрание – вели премиерот Димитар Ковачевски. Прашан како го коментира потегот на бугарскиот премиер Петков со објавата на фотографијата од Минхен каде го нема делот со Ковачевски, премиерот вели дека се работи за ненамерен пропуст и истакна дека верува во продолжување на понатамошната добра соработка.
Ден откако беше објавена фотографијата без Ковачевски, на социјалнтите мрежи се огласи и бугарскиот премиер Петков, не даде објаснување за пропустот, но истакна дека никој нема да го спречи него и македонскиот премиер да напредуваат во односите на релација Скопје-Софија. Упати и порака до како што ги нарече, сите злонамерни страни дека нема да ги сопрат во нивните намери за развој на економска образовна и инфраструктурна поврзаност.