Османи: Нема преземени обврски, за целосен договор треба зелено светло за старт на преговорите
МНР уверува нема преземено никакви обврски кон Бугарија, но има волја идеите што се на маса да ги реализира доколку Софија го крене ветото.Опозиската ВМРО-ДПМНЕ, пак, во предлозите што вчера ги објави бугарското МНР, гледа обид за целосно обезличување
Идеите на македонската Влада што ги објави бугарското МНР во насока за решавање на отворените прашања меѓу двете земји ќе станат обврска само доколку Бугарија се согласи да го тргне ветото и Македонија добие зелено светло за старт на преговорите, тврди министерот за надвореши работи Бујар Османи.
Писмото на бугарското МНР, Османи го толкува како прифаќање на предлозите од македонска страна, а доколку влезат во патоказот тоа ќе значи заеднички обврски од двете страни. Според шефот на дипломатијата без трите клучни компоненти – пас од Бугарија за зелено светло за преговори, дефиниран патоказ и имплементација на протугалскиот предлог, нема договор.
„ Целосен договор треба да ги има решенијата од португалскиот предлог, дефиниран патоказ и зелено светло за почеток на преговорите. Тогаш двете страни сме ги исполниле обврските и имаме целосен договор. Без една од овие компоненти не можеме да имаме договор и не можеме да почнеме со еднострано имплементирање на поединечни компоненти, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Бугарското МНР вчера објави пет точки за кои, како што тврдат во соопштението, се обврзала македонската страна за време на состаноците во Софија на 17 овој месец.
Според МНР на Бугарија македонската страна изразила подготвеност во најкратки рокови Скопје да потврди пред ОН дека името РСМ не го означува географскиот регион Северна Македонија, кој се наоѓа во Бугарија. Втората точка е дека Македонија нема да се меша во малцинските прашања на Бугарија, како и дека ќе почне процес на рехабилитација на жртвите од југословенскиот комунузам репресирани на нејзина територија поради бугарските чуства .. во четвртата точка преземна била обврска Македонија со Бугарија да ја адаптира содржината на наставните програми за објективно да се прикаже заедничката историја и петто, заедничко идетификување и отстранување на таблите и натписите на територијата на Македонија кои шират омраза кон Бугарија и Бугарите.
Токму во оваа листа опозициската ВМРО-ДПМНЕ гледа бугарски барања за целосно идентитеско обезличување.
„Заев вика дека ќе продолжел да моли во Софија, што значи дека тој сега моли да му го прифатат тоа што го говорел таму, а се уште не е до крај јасно истакнато што се говорел. И од она кое што можеме да го видиме дека со писмото се гледа дека Зоран Заев нема црвени линии кога станува збор за обезличување на македонскиот народ и на македонската држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од бугарското МНР не откриваат експлицитно дали би го тргнале ветото доколку македонските власти ги имплементираат петте предлози, но најавија дека Софија е подготвена да го продолжи дијалогот со Скопје за време на словенечкото претседателство.. .