
За Османи нема ништо спорно ниту во транспортот на Пендиков во Софија бидејќи станува збор за, како што рече, слободен граѓанин кој има право да се лекува каде сака.
Шефот на дипломатијата Бујар Османи тврди дека не бил добро разбран и бил изваден од контекст, кога во интервјуто за бугарската БТВ, изјави дека не му е важно што ќе покаже истрагата за мотивите за нападот на Пендиков, туку дека му е важно тоа што го говорел тој и неговото семејство.
Додаде дека само се надоврзал на она што го соопштило Обвинителството ден пред да замине за Софија.
Во интервјуто за БТВ викендов, Османи во два наврати ја повтори истата теза дека – еднаш директно на прашањето на новинарот дали му се познати мотивите за нападот, а вториот пат кога говореше за имињата на бугарските клубови во Македонија.
Османи два дена беше прозиван во јавноста и зошто во Софија ја премолчи скандалозната изјава на неговиот бугарски колега Николај Милков дека во земјава се враќа црната традиција на палење, стрелање и насилство, но шефот на дипломатијата воопшто не чувствува потреба од реакција.
За Османи нема ништо спорно ниту во транспортот на Пендиков во Софија бидејќи станува збор за, како што рече, слободен граѓанин кој има право да се лекува каде сака. Од Обвинителството за Канал 5 велат дека истрагата е во тек, нема нови идентификувани напаѓачи и се уште не се утврдени мотивите. Засега едно лице е во притвор, а Пендиков по операцијата на вилицата е во стабилна состојба во софиската ВМА.