ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Османи: Алијансата ги анализира сајбер заканите, МВР треба да ги најде испраќачите

Алијансата ги анализира заканите за поставени бомби во Македонија, како дел од регионот во кој државите членки во моментов се на удар на сајбер напади и хибридна војна. Алијансата нема официјални механизми за директно справување со заканите и откривање на сторителите и тоа е задача на МВР која треба да ја води истрагата и да се координира со партнерските безбедносни служби со оглед дека мејловите со заакани за поставени бомби доаѓаат од странски ИП адреси, смета шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Државата вчера официјално испратила инфорација до Алијансата со текот и ескалацијата на бројот на закани и што досега е преземени.

За Османи нема дилема дека станува збор за за хибриден напад, а не игра на тинејџери и хакери, а за тоа се доказ случувањата во Црна Гора каде наставата повторно е он лајн и Албанија. Тој е дециден дека безбедносната состојба во државата е стабилна и дека ја разбира загриженоста на граѓаните.

Околу предупредувањето на германското МНР, германските државјани да бидат претпразливи доколку патуваат во Македонија, Османи кажа дека е стандардна процедура со оглед на моменталната ситуација и дека македонското МНР би излегло со истата препораката доколку ситуацијата беше обратна.

Недостаток на стручен кадар и незначителни инвестиции во заштита на системите е една од причините за нападите и перидот. Како пример, Османи го наведе токму неговото министерството кое минатата година беше цел на напад на руска хакерска група. Тој повикал експерти од САД кои ги лоцирале пропустите во системот и посочиле што треба да се набави од опрема.

Првата закана за поставена бомба во училиште во Скопје беше испратена на 26 октомври. Бројката на заканите, но и на објектите во кои наводно се поставени бомби постојано расте за завчера мејл за поставена бомба да биде испратен во дури 49 основни и средни училишта во Скопје и Куманово.  Во меѓувреме таргет станаа и државни институции – Народната банка, МНР, полициската станица Центар, трговски центри и станбен комплекс.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.