ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Освен енормно задолжување и рецесија и се заканува ли на Македонија и инфлација!?

Освен енормното задолжување со што јавниот долг достигна над 60% од Бруто домашниот производ, и рецесијата во која се наоѓа економијата и се заканува ли на Македонија и инфлаторен шок од постојаниот пораст на цените на производите. Вредноста на синдикалната кошница е во постојан раст, а од друга страна имаме постојан раст на невработените лица.

На производите во македонските маркети, продавници и пазари се забележува тренд на зголемување на цените на производите. Скоро сите производи бележат раст на цените по околу 10-тина денари, а најмногу порасна цената на маслото. За краток период зејтинот достигна цена од 100 денари, од 70 сега се продава за 100 денари, што преставува поскапување од 30 отсто на маслото за јадење за само неколку недели.
Граѓаните веќе го чуствуваат на сопствениот чеб со тоа се жалат дека со секое одење на пазарење се соочуваат со нови цени на најнеопходните прехранбени производи. Се жалат дека куповната моќ им е сè послаба, луѓе остануваат без работа а цените постојано растат. Тие се жалат дека не можат да си купат месо и сувомесни производи затоа што цените постојано се зголемуваат.

– Лани имаше поскапување, но од почетокот на годинава нема ден да нема нова цена на некој производ. Поскапе сѐ, јајца, шеќер, млечни производи, овошјето, зеленчукот, а најмногу од сѐ поскапе маслото за јадење, што би рекле народски, зејтинот. Моите пресметки се дека тоа има повисока цена за 30 до 50 отсто бидејќи сега може да се купи за цена од 88, 92 или 160 денари зависно од компанијата. Среќа што сега се велигденските пости па некои од производите не ги купуваме често. Инаку дел од намирниците количински ги намалив при купувањето зашто платата не стасува, а и неа ни ја намалија лани поради пандемијата. Не знам зошто во вакви услови владата не ги замрзнува повторно цените како лани“, вели скопјанка за медиумите.

Економските аналитичари не ја исклучуваат можноста тоа да го повлече синџирот на раст на цените и на другите производи. Колку растот на цените ќе влијаат врз граѓаните, најмногу ќе значи од менаџирањето на надлежните. Економистите алармираат власта будно да ја следи состојбата со цените на продуктите за да може навремено да интервенира.

-Можно е да се очекуваат пораст на цените кај добар дел од прехранбените производи имајќи во предвид дека има нарушување на оној однос помеѓу понуда и побарувачка на овие производи, затоа што добар дел од капацитетите за производство и не се користат заради оваа Ковид ситуација, немаме доволен број на ангажирани работници, вели економскиот професор Зоран Ивановски.

Од друга страна, од година во година вредноста на минималната синдикална кошница е во пораст. Во време на криза кога има и голем број отпуштања, ССМ пресмета дека на едно четричлено семејство за да го помине месецот, само за основни потреби му требаат над 33 илјади денари, од кои половина за храна и пијалоци. Просечната плата, пак, е за околу пет илјади денари пониска од синдикалната кошница, односно просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2021 година, изнесува 28 272 денари.

Според последните податоци со кои излезе ССМ, во Македонија 100 илјади граѓани земаат минимална плата, при што четиричлено семејство со двајца вработени родители со минимална плата не можат да ги покријат освовните месечни потреби. Подобро упатените лица велат дека околу 70 проценти од вработените во Македонија работат за плата под просечната која во најголем дел е под 20 илјади денари.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.