ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Општина Делчево прогласи природна непогода

На денешната вонредна седница општинскиот Совет донесе одлука за формирање комисија за проценка на штетите која ќе ја применува методологијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи. Дополнително, донесена е одлука за објава на јавен повик преку кој граѓаните ќе се информираат за постапката за пријавување штети настанати од силното невреме што вчера го погоди градот
Општина Делчево официјално прогласи природна непогода од поплави и град.На денешната вонредна седница општинскиот Совет донесе одлука за формирање комисија за проценка на штетите која ќе ја применува методологијата за процена на штети од природни непогоди и други несреќи.Одлучено е Комисијата да соработува со надлежните државни органи, научно-стручни институции, а по потреба да ангажира и експерти од соодветната област по претходно добиена согласност од градоначалникот на Делчево.

„Комисијата е должна да изработи извештај за процената на штетите во вид на елаборат согласно методологијата и да го достави до Советот на Општина Делчево на разгледување и усвојување и до Владата на Република Северна Македонија. Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во ‘Службен гласник на Општина Делчево’“,

изјави претседателот на Советот на Општина Делчево, Гоце Попов.На седницата дополнително е одлучено да се објави јавен повик преку кој граѓаните ќе се информираат за постапката за пријавување штети настанати од силното невреме кое вчера го погоди градот.

Денешната вонредна седница на општинскиот Совет во Делчево следува по силното невреме кое вчера попладне го зафати градот и предизвика поплави.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.