ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Општина Арачиново: Со парите од државата ќе ги вратиме долговите

Парите за справување со последиците од Ковид 19 кои од цела Македонија ги доби само општина Арачиново, нема да се користат за тоа за што се наменети. Од општината велат паричната помош од половина милион евра, иако е за борбата со последиците од вирусот ќе ги користеле за подмирување на старите долгови кои ги имале.

Со оглед на тоа дека пандемијата со ковид-19 отежна многу функции и активности на општината, доставивме барање за финансиска помош до Влада во врска со ефектите на ковид-19, за да се соочиме со општинските долгови. Ние како општина наследивме повеќе долгови, а пандемијата ја отежни уште повеќе состојбата со општинските долгови-велат од Општина Арачиново.

Од власта се уште не објаснуваат по кој критериум токму Арачиново доби ваква помош, особено ако се земе предвид дека бројката на активни случаи во оваа општина е двоцифрена, за разлика од другите општини и градови во Македонија каде бројките достигнуваат и над 1000 активни случаи.

Само се правдаат дека давале помош и на други општини, ама за инфраструктурни проекти.

Сепак општина Арачиново се почесто е во фокусот на вниманието на јавноста со нејзиното работење и долгови, иако како што велеа властите помагале за да се подмират старите долгови на општините, меѓу кои и на оваа општина.

Минатото лето токму за оваа општина медиумите пишуваа дека парите кои ги имале за деловни состаноци,посети на странски делегации ги трошеле на кроасани, влажни марамчиња, миризливи свеќи, калапи за колачи

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.