ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Опозицијата: Обидот на мнозинството да го разреши Зендели е кршење на Деловникот

Опозицијата смета дека обидот на мнозинството во Собранието да го разреши Фадил Зендели од функцијата член на Комисијата за избори и именувања е кршење на Деловникот и процедурите. Над 600 амандмани поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и Беса за да се спречи оваа намера. Собранието во текот на денот продолжи со работа, расправајќи исто како и вчера, по истата точка. Власта оценува дека опозицијата намерно ја кочи работата на Собранието со тоа што не повлекува членови од комисиите каде што не им следува да имаат мнозинство членови. За случувањата Христијан Мицкоски го обвинува претседателот на Собранието Талат Џафери.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.