ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ОПЕК + постепено ја зголемува понудата

Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините партнери предводени од Русија одлучија постепено да ги зголемуваат испораките во следните месеци по апелот на Вашингтон да ги задржат цените прифатливи за потрошувачите.

Дури и пред пандемијата на коронавирусoт, ОПЕК + ги ограничи испораките за поддршка на цените и ги намали залихите на петгодишен просек. Пандемијата сериозно ја погоди побарувачката, па затоа тие одлучија да го продолжат договорот за ограничување на снабдувањето за да се приспособи на намалената потрошувачка.

Почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19 и индикациите за економско закрепнување од коронакризата ги поттикна малку да го зголемат снабдувањето на пазарот уште на почетокот на годината, но новиот бран на пандемијата ги принуди внимателно да балансираат.

Групата се согласи да ги намали границите на производство за 350.000 барели на ден во мај и јуни и за дополнителни 400.000 барели на ден во јули.

Иранскиот министер за нафта Бијан Занганех потврди дека групацијата ќе го зголеми производството за вкупно 1,1 милиони барели на ден до јули.

Саудиска Арабија одделно објави дека постепено ќе го нормализира производството до јули, кое во моментов го намалува за милион барели на ден.

ОПЕК + ги снабдува испораките за нешто помалку од седум милиони барели дневно во април, а во мај, според вчерашниот договор, треба да го ограничи на нешто повеќе од 6,5 милиони барели на ден.

Саудискиот министер за енергетика принцот Абдулазиз Бин Салман го опиша договорот за зголемување на производството како „многу конзервативна мерка“, истакнувајќи дека производството сепак може да се прилагоди на следниот состанок на 28-ми април.

Тој истакна дека Саудиска Арабија ќе го зголеми производството за 250.000 барели на ден во мај, и за 350.000 на ден во јуни и 400.000 на ден во јули, со што целосно ќе се нормализира производството.

„Потврдивме дека меѓународната соработка е важна за да им се обезбеди на потрошувачите достапни и сигурни извори на енергија“, објави на „Твитер“ новата американска секретарка за енергија Џенифер Гранхолм по телефонскиот разговор со саудискиот министер.

Веста за разговорот се совпадна на време со индикации за промена во насоката на неформални дискусии на членовите на ОПЕК +, забележува „Reuters“, истакнувајќи дека делегатите на групата процениле неколку дена пред состанокот дека веројатно нема значително да ги променат испораките.

Побарувачката за енергија ослабена како резултат на третиот бран на панемијата на коронавирусот, рекоа тие, 24 часа пред состанокот, извори велат дека дискусијата се префрлила на можноста за зголемување на производството, бидејќи американските власти први јавно коментирале за цените на нафтата.

Саудискиот министер сепак истакна дека на одлуката на групата не влијаеле разговорите со американски официјални лица или други земји потрошувачи.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го искористи своето влијание во Ријад, барајќи прилагодување на политиката. Кабинетот на новиот американски претседател Џо Бајден се воздржува од ваквиот пристап до оваа недела, забележува „Reuters“.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.