ОН: Загижувачки се сликите од ослободените израелски заложници и палестинските затвореници

Обединетите нации денеска ги повикаа Израел и Хамас да гарантираат хуман третман кон сите затвореници, нагласувајќи дека неодамнешните фотографии на поранешни израелски заложници и поранешни палестински затвореници се „длабоко вознемирувачки“.„Сликите на изнемоштени израелски заложници и палестински затвореници ослободени како дел од првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа се длабоко вознемирувачки“, рече портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за човекови права во Женева.
Се потсетува дека во саботата, 56-годишниот Охад Бен Ами, 52-годишниот Ели Шараби и 34-годишниот Ор Леви пристигнаа во Израел по 16 месеци заробеништво.
Ели Шараби се појави со густа брада и избричена глава, откако ослабе многу килограми. Неговата британска сопруга Лиан Бризли и неговите ќерки тинејџерки Ноја и Јахел биле убиени додека тој паднал во рацете на терористите.