ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Омикрон зема замав – комисијата во втoрник со нови мерки против пандемијата

Кратење на периодот на самоизолација од 10 на 7 дена, и предлог за укинување на решенијата.

Ова се само дел од предлозите за кои во вторник ќе дискутираат членовите на комисијата за здравствени болести при министерството за здравство.

Дилемите на дел од членовите на комисијата дали кратењето на перидот на седење дома да не важи за невакцинираните и оние со примена само една доза вакцина.

Дополнително новиот сој Омикрон кој зема замав и вртоглаво го зголемува бројот на заразени го отежнува издавањето на решенија за самоизолација особено во главниот град, и се очекува комисијата да предложи нопви законски измени. Но, грижата на граѓаните и лекарите е дали после долг период во панедмија земјатао дново ќе се соочи со рестриктивни мерки.

Апелите за во вторник до членовите на комисијата се од точката евентуални предлог мерки да произлезат конкретни предлози, велат лекарите за Телма.

Сојот Омикрон не е шега тврди Мехмедовиќ особено во комбинација со сеуште доминатнтиот Делта сој можат да го кутнат здравствениот систем.

Наодите и студиите се оскудни. Но не се исклучува медициснки новиот сој да ги напаѓа бубрезите наместо дишните органи како до сега, укажува Мехмедовиќ. За кус период празниците и вирулентноста на Омикрон трикратно го зголемија бројот на заболени.

За жал достапните антигенски брзи тестови ја искривија реалнaта слика за бројот на заболени.

Проценките на лекарите се дека дури 5 до 6 пати е погoлем бројот на заболени бидејќи граѓаните или не се тестираат или заразата не ја потврдуваат со ПЦР тест, но затоа неизбежна е потврдата за болеста ако им се влоши клиничката слика.

Потребни се рестриктивни мерки во зимскиот период за да се превенира уште помасовна пандемија која може да се одрази на економијата и стопанството е заклучокот на експертите пред редовната седница на комисијата за заразни болести во вторник.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.