ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Омикрон е голем ризик за Европејците, суспендирани летовите од Африка

Омикрон, новооткриената варијанта на коронавирусот што вчера беше регистрирана на европскиот континент , се заканува сериозно да ја загрози Европа. На европско копно омикрон, мутираниот ковид , го донеле патниците на двата авиони кои слетале во Холандија од Јужна Африка, а набргу потоа бил откриен и во Германија. Од таа причина, се повеќе земји одлучуваат да ги прекинат летовите со африканскиот континент.

Што знаеме досега?

Новооткриениот вид на Омикрон беше откриен во Јужна Африка и вчера беше регистриран во Белгија .
Тој е многу позаразен од сите досега откриени варијанти, бидејќи има способност за голем број мутации.

Постои загриженост дека вакцините, кои се дизајнирани да го спречат оригиналниот вид, можеби нема да бидат толку ефикасни во случајот со омикрон.

Во текот на денот е потврдена инфекција кај 61 патник кои се вратиле од Јужна Африка во Холандија, а два случаи на заразени со овој сој се регистрирани во Велика Британија и по еден во Германија и Чешка.
Соединетите Американски Држави, Канада, Австрија, Бразил и повеќето земји-членки на Европската унија го прекинаа воздушниот сообраќај со африканските земји.

Фаучи: Не би бил изненаден ако омикрон веќе е присутен и во САД

Д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, изјави дека „не би бил изненаден“ доколку варијантата омикрон веќе е присутна во Соединетите држави.

Во изјава за NBC News, главниот медицински советник на претседателот Бајден оцени дека случајот со новиот вид во САД допрва треба да се потврди, но додаде дека ништо не може да го изненади.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден изјави дека од следната недела ќе го забрани влезот на патниците кои доаѓаат од осум јужноафрикански земји поради загриженост во врска со појавата на нов вид на корона вирус, откриен во Јужноафриканската Република. .

Јапонија и Јужна Кореја ги ограничуваат пристигнувањата на патниците од осум африкански земји

Јапонија и Јужна Кореја соопштија дека ќе ги ограничат пристигнувањата од Јужна Африка и седум други африкански земји поради загриженост за новата варијанта на Ковид-19 идентификувана во регионот.

Јужнокорејската агенција за контрола и превенција на болести соопшти дека од утре, 28 ноември, ќе го ограничи издавањето визи за граѓаните од осум земји во Јужна Африка, додека јужнокорејските државјани кои се враќаат од регионот ќе бидат во карантин.

Омикрон е голем ризик за Европејците

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека новиот вид на коронавирус, наречен омикрон, претставува висок до многу висок ризик за Европејците и ги повика луѓето да не патуваат во областите каде се регистрирани случаи на појава од новиот мутиран вирус.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.