ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Од 15-ти јули бескаматни кредити во вредност од 10 милиони евра за мали, микро и средни претпријатија

Малите, микро и средни компании од 15 јули ќе може да аплицираат за бескаматни кредити во вкупна вредност од 10 милиони евра.

Максималниот износ кој ќе може да го добијат е 30 илјади евра, а минималниот 3 илјади евра. Ро

кот на отплата е до 42 месеца, со грејс период од 12 месеци.

За бескаматните кредити кои се дел од шестиот пакет антикризни мерки на владата ќе можат да се пријават компании од дејностите транспорт, угостителството, ивент индустријата, како и занаетчиите и приватните здравствени установи.

На конкурсот нема да може да се пријават фирмите кои користеле поддршка за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки и тие кои користеле кредит од ковид три линијата.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.