Од 1ви јануари почнува испораката на гас преку турски тек
Од 1 јануари почнува испораката на природен гас од Турски поток – Бугарија е спремна, Турција ќе се подготвува до 20 декември , крак низ Македонија од рускиот гасовод нема да поминува. Може да се снабдуваме, но количините се недоволни . Директорот на Енергетски ресурси, Реџепи, вели дека имаме само еден интерконектор со Бугарија , но со капацитет од само 800 милиони метри кубни. Приоритет, според него е инетрконекторот со грчката Десфа, со капацитет од 2,8 милијарди метри кубни – количини кои ќе бидат доволни за да се влијае и на пад на цената на гасот.
Се уште се работи на студијата од Животна средина, која треба да заврши крајот на март или април, потоа ќе се чека одобрение за градба и на крајот на летото или почетокот на септември ќе се објави повикот за градба. Целосна изгрдаба и поврзување со Грција би иамле некаде во 2022 година, изјави Бајрам Реџепи, директор на МЕР
Проценетата вредност од овој проект изнесува 50 милиони евра, од кои 10 се грант, а останатите кредит од Еврпската Инвестициска банка. Македонскиот дел ќе биде во должина од 78 километри и ќе оди покрај трасата на постоечкиот нафтовод, од Неготино преку Гевгелија до Грција. Иако Македонија првично беше во игра за Турски Поток, како замена за Јужен тек, пред 2 години одпадна од игра.
Трасата на Турски поток почнува од Анапа на руското крајбрежје, поминува преку Црно море и излегува на турскиот брег од каде продолжува до Бугарија, грчакат а граница, Србија, Унгарија и Австрија. Има капацитет од 63 милијарди метри кубни, од кои 14 милијарди се за Турција, а останатите за југоистсочна Европа.