ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Од утре регистрација на возилата со странски таблички со 50% помали давачки

Регистрацијата на возилата со странски регистарски таблички со 50% намалени давачки ќе почне од утре, најави министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на компанијата „Раде Кончар“.

Тој рече дека Прваилникот денеска или утре ќе биде објавен во службен весник, и со тоа граѓаните ќе може да ја користат повластената цена за пререгистрација на возилата.

„Со Законот кој беше донесен се предвидува да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе Правилникот за поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за метеорологија и другите институции како Царинската управа можат слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение“, рече Бектеши.

Владата очекува со ова решение во буџетот да влезат околу 20 мичлиони евра приходи.

Поволноста ќе важи за сите возила кои влегле во земјата заклучно со 01.10.2020 година.

Сопственикот или корисникот на возилото или лицето кое ќе го купи возилото треба да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.