ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Од утре полициски час во Албанија

A protester holds stones as police block a road during clashes in Tirana, Saturday, May 11, 2019. Thousands of supporters of the Albania's center-right opposition protested in Tirana Saturday, calling for the left-wing government to resign and for an early parliamentary election. (AP Photo/Hektor Pustina)

Албанија од утре воведува полициски час за спречување на ширењето на коронавирусот. Ова следува по наглото зголемување на новозаболени лица од ковид-19 во изминатите неколку недели.

Забраната за движење ќе важи од 22:00 до 06:00 часот во наредните три недели.

Право на движење ќе имаат само луѓето кои се на работа и службите за итни потреби.

Во текот на полицискиот час угостителските објекти кои ќе имаат можност само за достава на храна, додека за јавната администрација се воведува работа онлајн или со ротација на вработените, во зависност од спецификите на секторот.

Во изминатите 24 часа од направените 2 723 тестови во Албанија, позитивни се 563 лица. Во исто време битката со вирусот ја загубија осум пациенти, со кои бројката на починати достигна 579 лица.

Инаку, Албанија е втората земја од соседството која се реши на рестрикции во регионот, откако минатата недела тоа го направи и Грција.

Слична рестриктивна мерка, но само во текот на изминатиот викенд, беше на сила и во Косово, каде Приштина и шест други општини беа во карантин.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.