ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ОД ПОНЕДЕЛНИК СЕ УКИНУВААТ КОВИД ТЕСТОВИТЕ ЗА СРБИЈА, КОСОВО, ЦРНА ГОРА И БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

Владата на денешната седница одлучи државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да влегуваат во земјава без ПЦР тест. Во овие земји и македонските државјани исто така ќе може да влезат без да приложат негативен ковид тест. Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври.

„Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое, до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од ковид-19“, се вели во владиното соопштение.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.