ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Одложено судењето на Палевски и четворицата соработници

Одложено првото рочиште за убиството на 14-годишната Вања и Панче Жежовски.

Судот по барање на обвинителството одлучи да се спојат двете обвиненија за Љупчо Палевски-Палчо и неговите четворица соработници, меѓу кои и таткото на Вања.

Се работи за исти кривични дела и ист настан, а против донесеното решение нема право на жалба, главната расправа ја закажуваме на 20 септември, информираа од кривичнот суд.

Судот не можел да го обезбеди Палчо, затоа што пред два дена го одобри обвинението кое против него го поднесе обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска, откако беше екстрадиран од Турција каде избега по убиствата.

Токму соработниците за свирепото убиство го идентификуваа Палевски како главен организатор на злосторството кои ја однеле и полицијата до телата на жртвите.

Вања била грабната од влезот на зградата каде што живеела.

Грабнувачите ѝ ги врзале рацете и нозете, ја покриле со вреќа за спиење и ја ставиле во гепекот на возилото „цитроен“.

Била однесена во атарот на скопското село Бразда, каде е убиена.

Поранешниот градежен бизнисмен и основач на партијата Десна има низа кривични пријави изминативе 20 години. Против Палевски во 2019 е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање.

Додека целата јавност трагаше по исчезнатото девојче, осомничениот Палевски, секојдневно објавуваше главно политички статуси што дополнително ја згрози целата јавност .

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.