Одбраната на напаѓачот на Пендиков: Нападот не е од омраза

Само што започна и веднаш се одложи првото рочиште во Основниот суд Охрид во кое на обвинетиот Илија Спасески му се суди за напад од омраза врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарското здружение „Цар Борис Трети“.
Во отсуство на Пендиков, одбраната на Спасески побара одложување поради нецелосни докази ќ,а судот го прифати барањето. Адвокатот на обвинетиот вели во случајот нема дело од омраза.
Адвокатот на Пендиков најави дека ќе имаат оштетно побарување за физичките повреди кои ги добил неговиот клиент и посочи дека на барање на судот неговата адреса ќе ја достави кога ќе ја добие од Пендиков.Отсуството на повредениот сега било поради здравствени причини.
Судскиот процес го води судијата Бојан Мартиноски, а следното рочиште е закажано за 5 април.За потсетување инцидентот се случи вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид на паркинг близу угостителски објект, во кој меѓу учесниците прво имало вербална а потоа и физичка пресметка.Следниот ден на 20 јануари со владин авион на Бугарија повредениот Пендиков и неговата мајка беа транспортирани до државната клиника во Софија.