Одбраната на Камчев тврди дека врз него се врши тортура, директорот на затворот во Шутка демантира
Одбраната на Јордан Камчев тврди дека просторијата во која е во притвор е под сите минимални стандарди, нема дневна светлина и дека тој не добива вода за пиење секој ден.
Ова за Плусинфо го вели одбраната на Камчев и додава дека врз него се врши тортура.
„Оваа ситуација на нехуман, нечовечки и понижувачки третман и тортура само придонесува здравјето на Камчев да се влошува од ден на ден, за што беа предупредени правосудните институции и им беше доставена целокупна медицинска документација од наша страна. За жал, досега нема никакво дејствие од нивна страна ниту каков било одговор“,
Адвокатите на Камчев велат дека во текот на денешниот ден и официјално ќе се обратат до Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, Асоцијацијата за превенција од тортура од Женева, македонскиот народен правобранител (Оддел на национален превентивен механизам), како и до македонскиот „Хелсиншки комитет“.
Од друга страна, пак, Филип Андов, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, каде што Камчев е во притвор, вели дека не се точни наводите дека е влошено здравјето на Камчев. Тој за „А1он“ тврди дека во осум дена трипати била проверувана неговата здравствена состојба.
„Како притвореник не се пожалил на здравјето за веднаш да треба да се излезе во пресрет за што било. Притворениот редовно ја зема и терапијата што му е препишана, а му ја дава домскиот доктор. Просторијата во која е сместен е за изолација, а има помали и поголеми од таа, каде што има и повеќе луѓе. Капацитетот е тој. Се отфрлаат шпекулациите и дека се врши тортура. Притворениот не се пожалил до мене и заповедникот, не пишал ништо