Овој потег на Ердоган ќе разбесни многумина: Турција излегла од конвенцијата за спречување на насилство над жените

Повлекувањето на Турција од меѓународниот договор за спречување на насилство над жените не е чекор назад, изјавил денеска турскиот претседател Тајип Ердоган, бранејќи го чекорот кој предизвикал осуда од многумина во Турција, како и од западните сојузници.
“Некои кругови се обидуваат да го прикажат нашето повлекување од Истанбулската конвенција како чекор наназад во нашата борба против насилството кон жените”, рекол Ердоган откако денеска стапила на сила одлуката за повлекување од конвенцијата, пренесува “Reuters”.
“Нашата борба не почна со Истанбулската конвенција и нема да заврши со нашето повлекување од тој договор”, рекол Ердоган на собирот во Анкара, зборувајќи за конвенцијата која е потпишана во најголемиот град во Турција во 2011-та година.
Ердоган во март ја најавил одлуката за повлекување од конвенцијата, а таа одлука денеска стапила на сила.
Како што наведува “Reuters”, се очекува дека илјадници луѓе денеска ќе протестираат против оваа одлука.