Овошјето и зеленчукот може да скапат ако Русија ги блокира камионите со новото уставно име

Земјоделците стравуваат за извозот кон Русија. На две недели пред стартот на откупот на пролетната зелка, не знаат дали ќе почне извозот кон оваа земја. Во моментов на сила е преупредувањето од макеоднско – руската стопанска комора според кое транспортерите не би требало да тргаат кон оваа земја заради нерешени прашања по промената на името.
Од комората апелираат да се почека неколку дена да се надминат проблемите. Струмичките земјоделците се надеваат дека проблемот ќе се реши, во спротивно ќе мора да бараат нов пазар, за што во моментов нема време.
Од Русија нема вратени камиони со македонска стока, но само затоа што уште никој не тргнал кон оваа дестинација. Еден камион е на пат, а други чекаат натоварени. Од МНР велат дека и Русија како и другите земји се информирани за промената на името.
Од земјоделскиот инпекторат пак велат дека проблем може да настане затоа што во царинските делкарации стои ново име на земјава, а во сертификатите се уште пишува Република Македонија.
Од Македонија кон Русија најмногу се извезуваа овошје и зеленчук. Во јануари размената изнесувала 13 милиони евра, а земјава извезла стоки во врендост од 2,3 милиони што е раст за 40%.