Ова е доказ дека Асад е победник во војната во Сирија: Западот им го заврте грбот на Курдите, можат да се потпрат само на Дамакс
По одлуката на Доналд Трамп за повлекување на американските трупи од Сирија, кој со тој потег ги изневерил сириските Курди и ги оставил на немилост кај Ердоган, и тоа баш во момент кога Турција собира трупи на границата и се подготвува за офанзива, на сириските Курди не им преостанало ништо друго освен да го повикаат сириските сили да ги заштитат од турска инвазија.
Сириската војска, предводена од елитните единици на републиканската гарда и единицата Тигри, во петокот влегла во градот Манџиб на северот на земјата, на западниот брег на Еуфрат, и со тоа се спротивставила на претходно најавениот турски воен влез во тој град.
Манџиб бил ослободен од Курдите во 2015-та година од Исламската држава.
Курдските сили се договориле со владата во Дамаск дека сириската војска ќе излезе на државната граница, силите на YPG и локалната самоуправа и натаму би постоеле, а нивниот статус би се решавал во иднина. YPG истакнал дека тие припаѓаат на Сирија како територија, со тоа што YPG ги повикува вооружените сили на сириската држава под заповедништво на Башар ал Асад да ја извршат својата должност и да ја заштитат границата од турската закана.
Парадоксално е дека единствен заштитник на Курдите денес ќе бие сириската војска на чело со Асад, кој за политиката на Западот е најголем злосторник во Сирија, а Западот, кој на Курдите им ветил се, од независност до автономна покраина, им го свртел грбот преку ноќ.
Курдите кои се најзаслужни за поразот на ИСИС станале најголеми жртви на војната увезена во Сирија. Ова е уште еден доказ дека Асад е победник во војната, смета политичкиот коментатор Хасан Хајдар Дијаб.
Покрај тоа, повторно се отвора амбасадата на ОАЕ во Дамаск, земја која покрај Катар и Саудиска Арабија дала најмногу за вооружување и финансирање на џихадистичките групи во Сирија.Како и ОАЕ, и останатите земји од Заливот најавиле повторно отворање свои претставништва во Дамаск. Тоа што е лицемерно, смета Дијаб, е тоа дека тие земји сега велат дека ќе отворат свои претставништва во “братската земја Сирија”, за да го намалат влијанието на Иран и Турција. Истите земји до вчера трошеле стотина милијарди долари да го срушат Асад и да ја уништат Сирија.