ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Објавен списокот со фирми кои добиле пари од државата, а не исплатиле плати

Владата го објави списокот со фирми кои зеле вкупно 85 илјади евра од државата за да ги исплатат работниците за октомври, како дел од четвртиот пакет мерки, но си ги задржале парите.

За вкупно 179 фирми, меѓу кои фризерски салони, продавници за облека и градежни фирми, веќе е започната постапка во Управата за јавни приходи. Прво ќе следи опомена, а потоа присилна наплата и блокирање на сметката.

Министерот за економија Крешник Бектеши ја повика УЈП да поднесе кривични пријави за сите фирми што ја злоупотребиле државната помош.

Казните за компаниите кои добиле финансиска помош од државата, но не исплатиле плати на вработените се движат од 500 до 1.000 евра за микро компанија, од 500 до 2.000 евра за мала, од 1.000 до 6.000 евра за средна и од 1.000 до 10.000 евра за голема компанија.

При крајот на јули, од УЈПС исто информираа дека 708 компании, за април и мај зеле околу 385 000 евра од државата како помош за исплата на платите, но не им ги исплатиле на нивните вработени.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.