ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Обвинителството ќе ги истражува додатоците кои и се плаќале на Катица Јанева и други обвинители во СЈО

Обвинителството ќе истражува дали додатоците на плата во СЈО биле исплаќани законски. Откако во јавноста излезе информација дека Катица Јанева земала 157.000 евра додаток на својата плата јавниот обвинител за Сител вели дека таа не била единствената и дека покрај неа, платите си ги зголемувале и останатите обвинители

Јовески вели дека за разлика од СЈО, обвинителите во останатите обвинителства согласно законот, не може да земат додаток кој што ќе биде повисок од 5% од нивната месечна плата.

Премиерот Заев вели дека законот дозволува да се исплаќаат додатоци. Според него, случајот треба да се истражи и доколку се докажат одредени злоупотреби да следат соодветни постапки.

Во опозицијата велат дека огромните средства кои обвинителите на СЈО си ги делеле меѓу себе всушност се само еден од начините на кои владата го корумпира судскиот систем.

Од опозицијата бараат анкетна комисија во Собранието да провери како СЈО ги трошело парите на граѓаните.
Инаку Сител уште пред повеќе од три години согласно законот за слободен пристап до информации од Јавен карактер побара од СЈО податоци за тоа колкави се додатоците кои си ги исплаќаат обвинителите.

Но, ниту пресудата на управниот, ниту пак онаа на вишиот управен суд, не го натера СЈО да ги сподели податоците со јавноста.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.