Обвинителството го повика Јанакиески на распит за „крвавиот четврток“
Обвинителството за гонење на организиран криминал го повика на распит поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески како осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.
Освен него, меѓу осомничените е и поранешниот премиер Никола Груевски, потоа Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски, Никола Бошковски. Пред Јанакиески на распит беше повикан и Трајко Вељаноски.На Јанакиески му е одреден куќен притвор поради, како што велат од Обвинителството во барањето до Судот, опасност од бегство и влијание врз истрагата.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: