ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нуредини: Се додека прагот на загаденост не се помине нема да се преземат мерките што се пропишани согласно закон

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска соопшти дека Владата ја усвоила иницијативата на Министерството за престанок на набавки на пластика за еднократна употреба и пластична амбалажа од страна на државните институции која ќе стапи во сила од 1 јануари 2020 година.

Ова значи дека во следната јавна набавка спроведена од страна на Владата пластичните шишиња ќе бидат заменети со стаклени, нема да се набавуваат пластични чаши, сламки, лажичиња и друг пластичен прибор за еднократна употреба и нема да се набавуваат добра како шеќер во пластична амбалажа, туку рефус,

појасни Нуредини.

Во однос на тоа дали ќе се применат мерките за аерозагадувањето, Нуредини рече оти се свесни дека е загадено и дека концентрациите се високи, но се додека прагот на загаденост не се помине нема да се преземат мерките што се пропишани согласно закон.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.