ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нов протест на српската опозиција во Белград, власта обвинува дека се подготвува упад во Собранието

Српската опозиција денеска организира нов масовен протест во Белград. Опозициските лидери не сакаа да ја објават програмата за денешниот протест, поради, како што рекоа тактички причини, само најавија дека ќе се одржи и протестен марш од Народното Собрание до владата и преку Славија повторно пред Собранието.

Владејачката партија ги обвини членовите на опозицискиот Сојуз за Србија кој ги организира протестите „Еден од пет милиони“ дека се служат со фашистички методи и го заплашуваат народот а малата посетеност на нивните протести е доказ за тоа. Властите изразија сонмеж дека опозицијата подготвува упад во Собранието и покрај полицискиот кордон околу зградата, полициски припадници има распоредено и внатре во објектот. Законодавниот дом не го напуштија ниту пратениците од владејачкото мнозинство, кои се симнаа во холот од каде најавија дека ќе учествуваат во одбраната на Собранието доколку опозицијата се осмели да направи упад.

Од друга страна опозицијата тврди дека полицијата ги запира сите патнички автобуси и комбиња кон Белград и ги враќа оние кои превезуваат демонстранти.

Опозициските демонстрации под мотото Еден од пет милиони се одржуваат речиси пет месеци низ Србија и главниот град Беллград пропратени со низа инциденти како упадот во Јавниот сервис и блокадата на претседателската палата. Опозицискиот Сојуз за Србија, кој е составен од повеќе партии, невладини организации и граѓански здруженија, бара оставки од владата и претседателот Вучиќ, ослободување на медиумите и одржување предвремени избори.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.