ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нов обид за смена на Христијан Мицкоски – ќе се организира Вонреден конгрес, за Милошоски Заев е координаторот

Поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и актуелни градоначалници, преку Иницијативен одбор закажаа Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Новиот обид за смена на Христијан Мицкоски од лидерската позиција ќе има на 28-ми март во Скопје, за кога е закажан конгресот.

Како што велат од Иницијативниот одбор делегатите сметаат дека е недозволиво претседателот на кој што му ја дале довербата, да не свика конгрес и да не се обиде да им објасни кои се причините за последователните изборни порази и катастрофалниот рејтинг.

„Ниту времињата се редовни, ниту ситуацијата во која се наоѓа партијата и државата се редовни, така што неминовно се наметнува потребата од вонреден конгрес. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била столб кој ја штител Македонија и интересите на граѓаните кои живеат во земјава“, велат од иницијативниот одбор.

За Антонио Милошоски овој овој конгрес не е статутарен, ниту пак има правна основа.

„Ова е политичка иницијатива на група на луѓе кои што имаат за цел да му помогнат на Заев и да му фрлат гума за спасување. Во моментите кога државата е хибриден режим, најкорумпирана држава во Европа, нула вакцини, три илјади жртви, 55 илјади нови невработени и многу затворени фирми, оваа група се обидува тоа да го релативизира и Заев кој што е во моментов во самото Собрание е на стаклени нозе со своето мнозинство, да може да ја дефокусира јавноста, да се занимава со споредни теми во опозицијата“, посочи Антонио Милошоски.

Уште пред неколку дена во емисијата Клик Плус, актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, кој во 2018-та година беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ најави дека би поддржал ваков конггрес за смена на Мицкоски.

„Имам контакти скоро со сите членови и бивши и моментални членови на повисоко ниво. Имам контакти, верувајте дека има луѓе кои што објективно размислуваат за ВМРО-ДПМНЕ. Партијата им значи нешто, не на лична основа, туку на основа на градење добра политика во државата и има нивна загриженост во делот на раководењето на партијата. Контактите ги воспоставувам и со она што вие го нарекувате „Мериотска коалиција“. Знам дека тие сакаат да одат на опција на педвремен конкгрес. Така што доколку се случи и биде легитимен и правно основан јас би го поддржал“, посочи Митко Јанчев.

Дел од Иницијативнот одбор се поранешниот градоначалник на дојран Борче Стамов, екс градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, на Аеродром Ивица Коневски, потоа Филип Петровски, како и уште неколку членови на опозициската партија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.