Нов инцидент во Франција: Убиен маж кој им се заканувал на минувачи

Неколку часа по нападот во Ница, полицијата застрела маж кој им се заканувал на минувачите со огнено оружје во Монтфавет, недалеку од Авињон.
Напаѓачот кој извикувал „Алах Акбар“ и уби три лица во Ница во нападот што се карактеризира како терористички, беше брзо уапсен.
Неколку часа подоцна, полицијата уби напаѓач кој им се закануваше на минувачите во Монтфавет, недалеку од Авињон. Тој исто така извикуваше „Алах Акбар“, пренесува Ројтерс.
Да потсетиме, три лица беа убиени со нож во црква во Ница во четвртокот, вклучително и жена која беше обезглавена, соопшти полицијата, а градоначалникот го нарече овој чин терористички.
Градоначалникот Кристијан Естроси на Твитер напиша дека нападот се случил во или во близина на градската црква Нотр Дам, и дека полицијата го уапсила напаѓачот.
Извор во полицијата изјавил дека жената била обезглавена, а истите информации ги пренела и политичарката Марин Ле Пен. Две жртви на нападот во Ница биле убиени во црквата, додека едната успеала да избега, но по тежината на повредите починала.
Според претходните информации, напаѓачот дејствувал сам и полицијата не бара други напаѓачи.