Нов извештај за Косово пред Советот за безбедност на ОН
Нов извештај за косово пред советот за безбедност на обединетите нации…шестмесечен документ за работата на УНМНИК, покажува дека Обединетите нации се задоволни од напредокот кој го постигнале Белград и Приштина за нормализација на односите.
Генералниот секретар на ОН вели дека новата рамка за дијалогот има потенцијал да го подобри процесот и да доведе до постигнување на долгорочни решенија. Од сите страни побара конструктивен ангажман за да се зачува стабилноста и да се спречи обновување на тензиите.
Антонио Гутереш – Генерален секретар на Обединети Нации – Страните целосно се обврзаа да ги почитуваат сите членови од Договорот и да ги исполнат сите обврски на целисходен начин и со добра волја. Ова е толку важно, бидејќи случувањеата во периодот на набљудување донесоа тензии до ниво на криза, резултирајќи со најсериозното назадување од почетокот на процесот на дијалог во 2011 година.
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кој ќе ја претставува србија во обединетите нации, вели дека имаат конструктивен став за дијалогот со косово но и дека земјата има свои црвени линии од кои нема да отстапи. А поранешниот претседател на Генералното собрание на обединетите нации, Вук Јеремиќ, вели дека денешната седница е една од најважните за земјата во последнава деценија и му порача на александар вучиќ дека тој е единствениот кој треба да ја претставува земјата.Вук Јеремиќ – поранешен претседател на генералното собрание на Обединетите Нации – Денешната седница на Советот за безбедност може да биде клучна, а доколку Вучиќ ја пропушти оваа можност да го соопшти ставот на Србија, тоа сигурно ќе се толкува како негова воздржаност по однос на членството на Косово во Обединетите нации.
Во извештајот, кој не ги вклучува минатонеделните локални избори во четири општини на северот на Косово, се наведува дека натамошниот напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучен за создавање услови за враќање на претставниците на косовските Срби во косовските институции на северот на Косово.