ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нови 193 случаи на ковид-19 од 1.391 тестирање, починаа 9 лица

Medical personnel at work in the intensive care unit of the hospital Pourtales site "Hospital Pourtales" during the coronavirus disease (COVID-19) outbreak in Neuchatel, Switzerland, Monday, March 23, 2020. (Jean-Christophe Bott/Keystone via AP)

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19. Од нив во: Скопје  140, Куманово 2, Дебар 1, Штип 6, Тетово 19, Струга 5, Велес 2, Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе 1 и Ресен 2 случаја.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 46 оздравени пациенти, од Скопје 35 и по еден од Куманово, Тетово, Струга, Гостивар и Валандово, а 6 од Штип.

Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Тетово и еден од Охрид.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години, хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни. Во ГОБ „8 Септември“ починаа четири лица, двајца од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9, односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни. Во Општа болница (ОБ) Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, а во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.

Вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 4.482, на оздравени пациенти е 1.803, а на починати е 210. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.469.

Од направените 1.391 тест, денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти, 7 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Вкупно се хоспитализирани 95 лица. На кислородна поддршка се 43, а нема на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика 30. Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, а во болницата во Штип 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп има 74 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи во Скопје, по општини, заклучно со вчера најмногу има во Чаир, 306, во Аеродром има 119, во Бутел 106, во Гази Баба и во Центар по 114, во Карпош 100 и во Сарај 95.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.