ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Нови цени на горивата од понеделник

Во понеделник напаладне, Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на бензините.

Со последната промена пред две недели цените на горивата се зголемија.

Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,5 денари и изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапе за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за половина денар и изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 33,375 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.