НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА И ДЕНЕСКА
Раст на цената на барел нафта на светските берзи. Утрово вредноста на барелот на лондоскиот пазар достигна 109,15 долари, што претставува раст од шест проценти во однос на вчера. На американската берза барелот поскпе за околу 2 отсто и се тргува за 103,72 долари.
Од полноќ и граѓанит во земјава ќе точат горива по нова цена.
Надлежни остануваат на ставот – Македонија има најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Со намалувањето на акцизата и ДДВ-то, мерки кои се дел од 26-те антикризни мерки за спас од економската и енерегетската криза – велат се спречува цeновен шок на енергенсите.
И додека власта уверува дека состојбата постојано се следи и доколку треба ќе се носат и дополнителни мерки – од опозицијата и денеска повторуваат мерките се задоценти, граѓаните плаќаат високи цени.
„Доколку СДСМ и ДУИ наместо дневна корист гледаа долгорочно за граѓаните ќе го прифатеа предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50%. Со тоа ќе се анулираше зголемената акциза од 13.13 денари која е резултат на владеењето на оваа власт.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
По руско-украинската војна цените на нафтените деривати во земјава забележаа драстични зголемувања, бензинот се точеше и за 93, а дизелот за 97 денари. Цените се намалија по носењето на законските измени и тоа за 4 дена бензинот поевтини за 13,5, а дизелот за 21 денар.