Нови правила за влез во Турција и Србија за странски туристи
Турција од денес воведе задолжителна електронска регистрација за странските туристи.
Пред влез во Турција, во рок од 72 часа пред патувањето, странските туристи мора задолжително да го пополнат електронскиот формулар на Министерството за здравство, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.
За Турските граѓани, лицата со дозвола за престој во Турција и патниците во транзит не ваши законската обврска за електронска регистрација.
И српската премиерка Брнабиќ денеска изјави дека се разговарало за заострување на мерките на границите од Србија, при што ќе се зголемува капацитетот за тестирање, особено на границите.
– Намерата е да се зголемат капацитетите за тестирање, особено на границите, така што секој што ќе влезе во Србија ќе биде тестиран – рече премиерот.
– Правиме план како да го направиме тоа и јавноста ќе биде информирана за тоа. Сè уште не е познато дали тоа ќе биде на штета на државата или на сметка на оние што влегуваат во земјата и дали треба да направиме разлика помеѓу нашите и странските државјани – додава таа.
Се планира капацитете за тестирање да се зголемат десеткратно.