Нови единаесет случаи на заболени со морбили
Единаесет нови случаи на заболени со морбили. Од нив пет пациенти биле прегледани амбулантски и пуштени на домашно лекување, шест пациенти, пак, се задржани на лекување на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Меѓу заболените со морбили се две петмесечни бебиња, едното од село Батинци, а другото од Општина Чаир, две на возраст од една година од село Стајковци и село Брест и седуммесечно бебе од Шуто Оризари.
Во моментов има 26 пациенти хоспитализирани на Клиниката, а во вакциналните пунктови за имунизација, од почетокот на епидемијата досега, вакцинирани се речиси 5.400 граѓани. Бројот на новозаболени со морбили секојдневно расте, а досега се регистрирани околу 160.