ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Новиот телефон на „нокиа“ за 2019 ќе има дури пет камери

Нокиа, односно компанијата “HMD Global” во текот на првите месеци од идната година би требало да го претстави новиот премиум телефон – се очекува тоа да биде Nokia 9 PureView.

“PhoneArena” објави како најверојатно ќе изгледа најновиот премиум телефон со кој што Нокиа ќе се обиде да се врати на старото место на пазарот на паметни телефони, односно кон самиот врв.

Рендерите на Nokia 9 PureView се базирани врз основа на скиците кои што досега протекоа на интернет и иако не може да се каже со сигурност дека вака ќе изгледа најновиот премиум телефон на компанијата, сепак може да открие во која насока ќе се движи дизајнот.

Од тоа што може да се забележи на фотографиите, новиот Nokia 9 PureView нема да има “notch” на предната страна од телефонот, додека на задната страна ќе доминираат петте камери.

Телефонот ќе биде опремен со екран со големина од 5,9-инчи, а надворешните димензии на телефонот изнесуваат 155х75х7,9 што го прави подолг, но и подебел во однос на 5,5-инчниот Nokia 8 Sirocco.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.