ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Новиот министер за МВР ќе се договора телефонски меѓу Мицкоски, Заев и Ахмети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски  ќе предложи ново име за кандидат за технички минстер за внатрешни работи. Не го откри името,  само кратко рече дека новиот кандидат  не бил политичка фигура и дека против него нема кривични пријави.

„Станува збор за човек кој е професионалец, многу кратко од овој момент ќе го дознаете неговото име чекам за последни консултации со господинот Заев кој треба наскоро да се врати во државата уште еднаш да разговараме,  да се консултирам и со господинот  Ахмети, како што налагаат позитивни законски прописи, попладне. Јас не очекував ниту првиот пат да биде проблематизирано. Кога станува збор за исплашениот СДСМ, Заев, Спасовски, Шеќеринска и останатите, се е можно можеби и овој пат ќе најдат некоја точка и запирка, која би била проблематична за нив, само за да избегаат од предвремените парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Мицкоски утрово телефонски се слушнал со Заев, го убедувал да го прифатат името на предложниот кандидат – воениот офицер Драган Ковачки, но договор не постигнале. Мицкоски вели дека одбивањето е поради страв од изборите, од СДСМ коментираат дека униформирано лице како што е Ковачки не смее да биде министер според членот 97 од Уставот. Од владејачката партија велат дека се чека предлогот од ВМРО ДПМНЕ.

„Во ВМРО ДПМНЕ ништо, ама буквално ништо не се променило. Мицкоски продолжува по старо против правдата, против уставот, против изборите, против државата, против граѓаните.  Исто како и Никола Груевски тврдоглаво, Христијан Мицкоски нема доблест да ги признае сопствените грешки“, рече Костадин Костадинов – портпарол на СДСМ.

Во техничката Влада во која  премиер ќе биде досегашниот министер за полиција Оливер Спасовски, а Мила Царовска ќе го замени Кочо Анѓушев на местото вицепремиер за економски прашања, ВМРО ДПМНЕ покрај министер за внатрешни, ќе предложи и министри за труд – за оваа позиција е именувана Рашела Мизрахи и за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.