Нова турска инвестиција во зоната во Скопје
Балканлар Пластик ќе инвестира од 7.5 до 10 милиони евра во Бунарџик. Фабриката ќе произведува пластика. Првично ќе бидат вработени 80 лица, а тенденцијата е да се отворат во иднина вкупно 306 нови работни места.
-Турција е еден од нашите најголеми партнери. Во 2018 вкупните инвестиции од таму во земјава изнесувале 36.2 милиони евра, а само во првиот квартал годинава изнесуваат 16,3 милиони евра. Тоа е доказ дека земјава ја зголемува соработката со земјите од развиениот свет, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.
-Новата инвестиција е доказ за стабилноста. Бројот на странските инвестиции расте. Ние сме земја која овозможува профит, а за нас тоа значи отворање на нови работни места, рече премиерот Зоран Заев.