Нина Ангеловска: Лимитот за плаќање во кеш до 500 евра ќе ја разгореше сивата економија
Нина Ангеловска, министерката за финансии, на денешната прес-конференција рече дека зголемувањето на лимитот на плажање во кеш од 500 евра на 3.000 евра е одлука на пратениците во Собранието, а не на нејзиниот ресор. Сепак, правдајќи се, рече дека плажање готовиснки до 30.000 денари би можежп, како што вели таа, дополнително да ја разгори сивата економија иако целта би била токму спротивното.
Плаќањето во кеш минатата година беше намалено од 1.000 на 500 евра, но пратениците предновогодишно и по скратена постапка си ги изгласаа измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој лимитот се крева на 3.000 евра.
– Се работи за предлог на пратеници. Приоритет на сивата економија е безготовинско плаќање. Требаше да се преиспита висината на новиот праг. Многу од коморите рекоа дека прагот е на прениско ниво и дека може да влијае на дополнително разгорување на сивата економија. Има земји кои воопшто немаат лимит, додека Хрватска, Бугарија, Словачка имаат лимит до 5.000 евра гледано компаративно, изјави Ангеловска.
Таа додаде дека стратегијата на Народна банка и на Министерството за финансии останува да се намали готовината и дека ќе се анализира оваа мерка, односно за една година ќе биде објавено каков ефект е постигнат.
За наградната игра за „МојДДВ“ рече дека резултатите се над очекувањата и дека само во декемрои имало 12,3 милиони скенирани сметки. Забележана е поголема наплата на ДДВ за 12 проценти во истиот месец.
– Граѓаните учествуваат во борбата со сивата економија и од друга страна влијаеме на зајакнување на даночниот морал. Расте бројот на нови корисници и популарноста на самата игра. Има 200.000 апликации, рече Ангеловска.
За наплатата на ДДВ таа рече дека за 2019 е реализиран во 100 проценти од проектитираното и дека биле собрани 850 милиони евра, 5,7 отсто повеќе од претходната година
Капиталните расходи биле реализирани со 78 проценти на буџетот, или 17,8 милијарди денари, односно повисоки за 5,7 милијарди денари во однос на 2018, со потрошени 6,7 милијарди денари во последниот изминат месец.
Институции со надпросечно реализирани капитални инвестиции се Министерството за транспорт и врски (85,4 проценти), Владата (99 проценти), Министерството за одбрана (81,3%), МВР (92,2%), Министерството за финансии (88%) и . Агенцијата развој на земјоделие и финансиска поддршка.(99%).