ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Никој не открива што точно договориле македонските и бугарските историчари?

Спротивно на македонската позиција, отворените прашања со Бугарија се поизвесно стануваат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. Така Европа ќе стане гарант на бугарските национални интереси, вели премиерот Петков.

Прв од нив, воедно и главен услов за деблокада, е влез на македонските Бугари во Уставот.

“Имаме јасни нешта кои треба да бидат исполнети. Кога ќе ги отвориме архивите на двете страни и да видиме дали има договор во историската комисија, да видиме што сме направиле во врска со говорот на омразата заедно како механизам, да видиме што ќе вметнеме во потенцијалната преговарачка рамка која всушност е гаранција за нештата кои се важни за нас. На пример, Уставот на Македонија дали и кога ќе ги вклучи правата на Бугарите во земјата и каков е механизмот да се гарантира дека тоа ќе биде така, дали Европската Унија ќе сака да биде гарант?

Со македонската влада преговорите се водат не дали, туку кога Бугарите во земјава ќе станат дел од Уставот. Пописот преброја три илјади 504, но Петков смета дека тоа е нереална бројка.  

“Единствен начин да имаме правилно пребројување на сите Бугари е кога, како што знаете нивниот Устав почитува колективни права, но ние треба да можеме за време на преговорите во која точно фаза ќе видиме – дали пред првиот кластер, дали сега да се вметнат тие уставни, колективни права на Бугарите. Тогаш пребројувањето би станало многу полесно”

Во Софија денеска на средби со државниот врв е еврокомесарот Вархеи, а по заедничката средба, Петков рече дека за првпат Бугарија чувствува сериозна поддршка од ЕУ поради новиот пристап.

Во меѓувреме и двете влади очекуваат позитивна објава од мешовитата историска комисија. Петков вели дека историчарите постигнале огромен прогрес за историските личности, а пет дена од ваквата информација, македонската влада молчи за кои личности станува збор и што конкретно е договорено.

Молк и од историската комисија. Историчарите денеска и утре во Скопје ја одржуваат втората од предвидените пет средби за оваа година. На дневен ред се забелешките за учебниците во основно образование, а неизвесно е дали ќе биде допрена темата Гоце Делчев.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.