Никој не го очекувал ова од Трамп: Му пратил порака на повредниот Бајден
На прегледот било заклучено дека Бајден го скршил стапалото, поради што одредено време ќе носи гипс, а Трамп му посакал побрзо да закрепне.
Претседателот во заминување Доналд Трамп, му упатил порака за поддршка на својот наследник Џо Бајден, откако слушнал дека овој лошо се повредил.
Бајден вчера бил префрлен во болница откако се лизнал и паднал додека си играл со своето куче. На прегледот било заклучено дека Бајден го скршил стапалото, поради што одредено време ќе носи гипс, а Трамп му посакал побрзо да закрепне.
“Брзо закрепнување”, напишал Трамп на Твитер со видео снимка од Бајден како “криви”.
Потсетуваме, лекарите рекле дека Бајден ќе мора неколку седмици да носи ортопедска чизма.
“Првите рендгенски снимки не покажаа скршеница, но медицинскиот тим наложи да се направи скенер. По дополнителна анализа пронајдени се мали фрактури на две мали коси во неговото десно стапало”, рекол докторот на Бајден, Кевин О’Конор.