Николовски: Во новиот мандат субвенциите за мерката „зелена нафта“ ги зголемуваме од 30 на 50 отсто
Покриеноста на трошоците за зелена нафта ќе биде зголемена на 50% и тоа во мај, веднаш по доаѓањето на новата влада што ќе ја предводиме, најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната трибина во Струмица Агенда 20-24, посветена на земјоделството.
Николовски посочи дека со оваа мерка досега се опфатени околу 55.000 земјоделци кои имаат намалени трошоци за производство.
Генералниот секретар Николовски пред присутните соопшти дека е одобрен нов гранд од Светка банка во висина од 46 милиони евра за модернизација за земјоделството, со кој ќе меѓудругото ќе се градат три модерни откупно дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и во Струмица.