ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Николовски: Борбата против криминалот и корупцијата е суштинска за да ја кренеме економијата и да ја вратиме довербата на граѓаните Николовски: Борбата против криминалот и корупцијата е суштинска за да ја кренеме економијата и да ја вратиме довербата на граѓаните

Ќе бидам мост помеѓу извршната власт и сите независни регулаторни или тела со изворни надлежности во борбата против корупцијата, криминалот и ставањето ред во самите институции и едно по едно ќе ги решаваме прашањата. Сите чинители во овој сектор може да сметаат на мојата целосната поддршка дека ќе бидам сервис преку мојата нова позиција и дека ќе им бидам силен партнер и од помош на институциите за што побрзо да ги отстраниме сите недоследности, порача денеска вицепремиерот за за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. – Не може да дозволиме еден софтвер и некоја неповрзаност на институции или техничка работа да бидат пречека и оправдување за нефункционирање на одредена иснтитуција или за немање резултати во борбата против криминалот и корупцијата која е суштинска ако сакаме да ја кренеме економијата и да ја вратиме довербата и на граѓаните и на младите, рече Николовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. Тој посочи дека требаше 30 години да чекаме да дојде генерација на политичари за, како што рече, да тргнат работите напред, да станеме членка на НАТО и да почнат преговорите со ЕУ. – Дел сум од таа генерација која не сака да чека и даде поддршка на сите процеси. Кога ги решивме крупните работи за оваа земја и кога ја осигуравме иднината сега на ред е да си ги средиме работите внатре и да ги отстраниме нефункционалностите. Преку оваа координативна улога што ја имам  мислам дека Финансиската полиција, Управата за финанскиско разуанавање, Управата за јавни приходи, Царинската управа и и нспекторатите сериозно ќе го зголемат капацитетот и учинокот во самата работа зашто ќе има некој кој ќе им виси и ќе бара отчет, план за работа, извештаи, постапување и кој ќе ги координира. На тој начин ќе ги зголеми напорите за ефекти на овие институции, рече Николовски. Тој порача дека треба да се избегнат сите човечки влијанија и да се отстранат сите слабости и дефекти на системот и да се намали корупцијата и криминалот, но при тоа како што истакна, треба и да има поврзаност меѓу самите институции. – Ќе се зафгатам да ги отстраниме сите работи кои нефункционираат во делот на беспрекорната борба против корупцијата, криминалот и ставањето ред во самите институции, прецизира Николовски. Тој посочи дека неговиот прв состанок по стапувањето на новата функцијата бил токму со ДКСК каде, како што истакна, бил информиран дека постапката за набавка или за меѓународна донација за софтверско решение за поврзаност со 17 институции е стопирана и оти тоа е една од пречките за функционирањето на Антикорупциската комисија. Тоа, како што рече е нешто што не е дозволиво ако се сака ефективна борба против криминалот и корупцијата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.