ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Никнуваат нови профили на Ел Чека

Никнуваат нови профили на Ел Чека – Кичевското обивнителство ќе го истражува за неовластнео прислушување и тонско снимање.

Кривичната пријава за Ел чека кој од Чикаго ја стресе макеоднската политичка сцена со нови прислушувани разговри, се пресели поблиску до неговото родно Турин. Далеку од новото место на живеење преку океанот, кичевското  обвинителство ќе го истржаува за две кривични дела неовластнеи прислушување и тонско снимање и неовластено снимање . За двете дела предвидена е  парична казна  или затвор до една година

  • Содржината на кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика се однесува на едно лице кое е со адреса на живеење во кичевското село Турин,  но дека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД каде преку неговиот Фејсбук профил Ел Чека неовластено објавува снимани материјали.  По проучување на наводите во кривичната  пријава, констатирано е дека стварно и месно надлежно за постапување е Основното јавно обвинителство Кичево, поради што пријавата е проследена во ова обвинителство, сооптуваат од таму. 

Обивнителството уште во петкот испрати барање  за меѓународна правна помош со кое бара податоци за Ел чека но и побара од надлежните институции во САД да преземат законски дејствија  за да спречат и понатаму да објавува разговори.

Но на фејсбук постојано никнуваат нови профили со негово име и слика. Последниот се појави попладнево на само 20тина минути откако обвнителството објави сооштените дека ќе го гони. Нова профилна слика малку  пријатлеи. Но кога се очекуваше дека тука ќе продолжи таму каде што застанал претходно го снема на фејсбук а остана само порака дека содржината повече не е достапна.  Претходно пак користеше друг два профила од кои едниот го повеќе го нема а на другиот нема објавено бомба од четвртокот ноќта.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.